Кокеза повеќе не е претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија

Кокеза повеќе не е претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија

пред 4 години

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Славиша Кокеза, поднел оставка на функцијата, објавија српските медиуми.

Во соопштението тој наведува дека решил да поднесе оставка, откако во изминатите две недели бил соочен со бројни обвинувања и напади врз него.

Славиша Кокеза неодамна бил приведен на информативен разговор во Агенцијата за борба против организираниот криминал.

Кокеза на чело на ФСС застана во 2016 година. Во неговиот мандат Србија избори пласман на Светското првенство во Русија.

Share
Scroll to Top