„Колку пари толку музика, таков е фудбалот во Македонија“

„Колку пари толку музика, таков е фудбалот во Македонија“

пред 2 години

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, играч на Динамо Загреб, Стефан Ристовски во интервју за „Јутарњи лист“, вели дека спортот во нашата држава стагнира најмногу поради инфраструктурата.

„Фудбалот во Македонија е како што се вели колку пари – толку музика. Во денешно време фудбалот е голем бизнис, во Македонија стагнира инфраструктурата, се надевам дека ќе дојдат нашите пет минути. Вардар пред неколку години играше во фазата по групи во Лига Европа, а сега е во Втора лига, жал ми е за тоа. Не знаеме да ја чуваме традицијата, да го сочуваме брендот. Доста клубови, кошаркарски, ракометни и фудбалски пропаѓаат.

Младите за да се остварат како играчи мора што побрзо да си заминат од Македонија. Во овој момент не гледам клуб во Македонија во кој би можеле да останете подолго. Динамо е пример како треба да се работи во еден спортски клуб“, вели Ристовски.

Share
Scroll to Top