Конте сака да го гради Интер како што Клоп го градеше Ливерпул

Конте сака да го гради Интер како што Клоп го градеше Ливерпул

пред 3 години

Антонио Конте вели дека навивачите на Интер мораат да бидат трпеливи поради „патот“ на кој е неговиот тим, покажувајќи на Ливерпул како на пример за тоа дека успехот не доаѓа преку ноќ.

По 2:2 ремито со Борусија Менхенгладбах во ЛШ, Интер се враќаат утре со Џенова, и Конте признава дека неговиот тим заслужил повеќе од просечната форма која ја имаа, по поразот во градското дерби со Милан.

„Мораме да го следиме нашиот тим, да играме најдобро што можеме секои три дена. Не сум загрижен бидејќи ова е патеката по која одиме, и мислам дека јас, фудбалерите и клубот сме задоволни. Играме добар фудбал и добиваме помалку од тоа што го заслужуваме. Мораме да работиме, но мораме и да го земеме Ливерпул на Клоп како пример. Тие не освојуваа ништо четири години, а сега се воена машина. Беа задоволни од тоа што го градеа. Тоа е патот на кој сме и ние и тоа е структурата која ја градиме заедно со претседателот“, вели Конте.

Share
Scroll to Top