ЛА Доџерс ја освоија бејзбол лигата

ЛА Доџерс ја освоија бејзбол лигата

пред 4 години

Лос Анџелес Доџерс ја освоија титулата во бејзбол лигата. Во шестиот меч од финалната серија тие славеа над Тампа Беј со 3:1 и со вкупен резултат 4:2 го заклучија финалето. Доџерс ја освоија првата титулата по пауза од 32 години. Ова им е вкупно седма титула во историјата на франшизата.

Победата на Доџерс значи дека франшизи од Лос Анџелес оваа година се шампиони во два од четирите најголеми американски спортови. На почетокот на овој месец Лос Анџелес Лејкерс станаа шампиони во НБА лигата.

Еден од сосптвениците на ЛА Доџерс е и легендарниот кошаркар Ирвин Меџик Џонсон. Оваа титулата значи дека Меџик е шампион во три различни професионални шампионати. Тој пет пати како играчч бил шампион со ЛА Лејкерс, а како еден од сопствениците на ЛА Спаркс има титулата со овој тим во женската НБА, во 2016 година.

 

Share
Scroll to Top