Наполи е последниот полуфиналист во италијанскиот Kуп. Вечерва тимот предводен од Џенаро Гатузо со 4-2 славеше против Специја на „Диего Марадона“ во Неапол и закажа полуфинален двомеч со Аталанта.
Наполитанците целата работа ја завршија во првите 45 минути, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше забележителна улога во сето тоа. Тој во 40 минута прецизно стрелаше за последниот гол за својот тим, откако претходно Кулибали, Лозано и Политано ја полнеа мрежата на гостите.
Гјаси и Акампора во второто полувреме постигнаа голови за Специја, но прекасно за за да има неизвесност во завршницата.
Наполи на 3 односно 10 февруари го чекаат два меча против Аталанта во борба за ново финале на Копа Италија.