Кореа е „џокерот“ на Симеоне – Атлетико се врати на врвот во Шпанија

Кореа е „џокерот“ на Симеоне – Атлетико се врати на врвот во Шпанија

пред 4 години

Алетико Мадрид ја врати првата позиција во Ла лига и предноста од 3 поени пред градските ривали Реал Мадрид, откако со 2:0 го совлада аутсајдерот Уеска, кој грчевито се бори за опстанок.

Човек на одлука беше Анхел Кореа, кој откако беше критикуван за слабите игри оваа сезона, во последно време е најдобриот играч во тимот на Диего Симеоне. Тој во 39. минута ја декласираше одбраната на гостите за да го постигне својот трет гол во последните три меча, во кои има и две асистенции. Во 84. минута, Јаник Караско зголеми на 2:0 за осигурување на триумфот.

Атлетико, сега, по 32 кола имаат 73 поени на врвот на табелата, три повеќе од Реал Мадрид, шест пред Севилја и осум пред Барселона, иако Каталонците имаат два меча помалку. На другата страна на табелата пак, Уеска останува во зоната за испаѓање на 18. место со 27 поени, еден помалку од Валјадолид и со ист број на бодови како 19-пласираниот Елче. Еибар се последни со 23 поени.

Share
Scroll to Top