Корона и во Баерн – заразен е Николас Зуле

Корона и во Баерн – заразен е Николас Зуле

пред 3 години

Фудбалерот на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Николас Зуле е позитивен на коронавирусот.

Централниот дефанзивец ќе ги пропушти наредните два натпревари на Баерн и наредните три натпревари што ќе ги одигра репрезентацијата.

Баерн, во среда, ќе го пречека Салцбург, а потоа во Бундес лигата ќе го одигра дербито со Борусија Дортмунд.

Репрезентацијата на Германија, на 12 ноември ќе игра пријателски меч со Чепка, а потоа и два натпревари, против Украина и Шпанија, во Лигата на нации.

Share
Scroll to Top