Крај на една ера – Интер се откажува од „Пирели“ за кинески спонзор?

Крај на една ера – Интер се откажува од „Пирели“ за кинески спонзор?

пред 4 години

Интер се подготвени да прекинат партнерство кое трае повеќе од 20 години, откако кинеските газди сакаат да го сменат италијанскиот производител на гуми „Пирели“ со друг спонзор кој би носел повеќе од 30 милиони евра годишно.

Според „Ил кориере дело спорт“, клубот од Милано сака промена на главниот спонор на дресот од сезоната 2021/22, и кај претседателот Стивен Жанг има неколку богати понуди, кои ќе ги разгледува во седиштето на газдите „Сунинг“ во Нанџинг, најавувајќи дека спонзорот речиси сигурно ќе дојде од таа земја.

„Хајсенс“, кинеската компанија за дизајнирање, производство и дистрибуција на електрична опрема е главен фаворит, откако таткото на Жанг, Џиндонг Жанг неодамна се сретна со претседателот на „Хајсенс“, Жоу Хоуџијан. Покрај „Хајсенс“, во игра се и „Евергранде“, но и корејскиот „Самсунг“.

Share
Scroll to Top