Крос им одговори на Обамејанг и Озил: Веќе ништо не ме изненадува

Крос им одговори на Обамејанг и Озил: Веќе ништо не ме изненадува

пред 3 години

Тони Крос вели дека нема да одговара на Месут Озил и Пјер-Емерик Обамејанг, откако двајцата фудбалери на Арсенал реагираа со шеги на неговите критики за „неприкладното“ славење на голови како што го практикува Обамејанг.

Ѕвездата на Реал Мадрид изјави дека му пречат деталните прослави на голови како на Обамејанг и Антоан Гризман, посочувајќи дека вистински пример е легендата на германскиот фудбал, Герд Милер со неговото „смирено“ славење.

Обамејанг на Твитер одговори со прашање дали Крос има деца и како слави со нив. Потоа, Габонецот објави фотографија со сонародникот на Крос, Марко Ројс на кој двајцата носат суперхеројски маски со порака: „Пратете му честитки на Крос за трите деца, од Бетмен и Робин“. Озил, поранешниот соиграч на Крос од репрезентацијата исто така се приклучи на „забавата“ објавувајќи фото од Обамејанг со порака: „Најдобрата прослава“.

Крос, во типична германска сериозност, одговори дека сака да ги стави преписките на страна.

„Не сум изненаден од ништо од никого повеќе. Мене ми беше смешно, но веќе не размислувам за тоа“, изјави Крос за „Билд“.

Крос го спушти на земја надмениот Обамејанг

Крос: Прославите на Обамејанг и Гризман се глупави, треба да се слави како Герд Милер

 

Share
Scroll to Top