Германскиот „Билд“ тврди дека Тони Крос ќе ја напушти германската репрезентација по Европското првенство ова лето за да се фокусира на Реал Мадрид до крајот на кариерата.
Крос дебитираше во „маншафт“во 2010 година, и со нив стана светски шампион во 2014 откако Германците ја победија Аргентина на Мундијалот во Бразил со 1:0. Тој има одиграно 101 мечеви за Германија и постигнато 17 гола, со настапи на СП во Јужна Африка, Бразил и Русија и Европските првенства во 2012 и 2016 година.
Крос го продолжи договорот со Реал Мадрид во 2019 година, и останува на „Сантијаго Бернабеу“ најмалку до 30 јуни 2023 година.
? Toni Kroos deja la selección alemana, según ‘Bild’ https://t.co/sP93IUfA59
— MARCA (@marca) March 28, 2021