Кулушевски за рутинска победа на Јуве над СПАЛ и дуел во полуфиналето со Интер

Кулушевски за рутинска победа на Јуве над СПАЛ и дуел во полуфиналето со Интер

пред 3 години

Јувентус и без Кристијано Роналдо во составот, имаше доволно сили да го совлада со 4:0 второлигашот СПАЛ и да се пласира во полуфиналето на Копа Италија, каде што ќе има шанса за одмазда против Интер на Антонио Конте, кој вчера во драма ги победи Милан.

Тинејџерите Раду Драгусин и Николо Фаџоли (дебитант) добија шанса, заедно со Дејан Кулушевски и Алваро Мората во ново партнерство во нападот, а во тимот се врати и Матијс де Лихт првпат по оболувањето од КОВИД-19, додека Џиџи Буфон доби шанса да биде стартер еден ден пред неговиот 43. роденден.

Јуве дојде во водство уште во 16. минута, кога Франческо Викари го фаулираше Адриен Рабио, а Алваро Мората беше сигурен од белата точка. Кулушевски го пронајде Џанлука Фработа во 33. минута за фантастичен гол, пред во 78. минута, самиот Кулушевски да зголеми на 3:0, пред Федерико Киеза во 94. минута да стави точка на мечот.

Share
Scroll to Top