Тренерот на Барселона, Роналд Куман, не се согласува со мислењата дека Луис Суарез не требало да замине од клубот. Смета дека клубот погрешил што му дозволил да се пресели во клуб од Ла Лига. Уругваецот, во летниот преоден рок, буквално беше избркан од Барселона. Се пресели во Ателтико Мадрид каде игра како во најдобрите денови од кариерата. Атлетико се лидери во Ла Лига, а Луис Суарез е најдобар стрелец.
Луис Суарез е редовна тема на прес-конференциите на Барселона. Уругваецот, во досегашниот дел од сезоната, во Ла Лига, одиграл 16 натпревари за Атлетико, постигнал 14 голови.
„Ќе беше подобро Суарез да заминеше во Јувентус, а не во Атлетико Мадрид. Не требаше да остане во Ла Лига. Но, таа одлука ја донесе клубот. Беше тешко, но имавме респект кон него. И понатаму мислам дека одлуката Суарез да замине е исправна“, рекол Куман.