Тренерот на Барселона, Роналд Куман признава дека постои мала љубомора кога ги гледа скапите трансфери на премиерлигашките клубови и најавеното доаѓање на Килијан Мбапе кај лутите ривали Реал Мадрид, и додава дека и тој би сакал да го има францускиот напаѓач во тимот.
Барса не успеа да му обезбеди договор за останување на Лео Меси поради ограничувањата на својот буџет наметнати од Ла лига по огромното задолжување на каталонскиот гигант, и Куман признава дека не се чувствува убаво кога ги гледа трансферите на богатите клубови.
„Секој кој го сака најдоброто за Барса е исфрустриран, но мораме да бидеме реални и да признаеме дека не можеме да се натпреваруваме на пазарот со клубови како ПСЖ, Сити или Јунајтед. Тоа е така и мора да го признаеме и да сфатиме дека ќе потрае подолго време. Ако Мадрид ги имаат парите, ќе го купат Мбапе. И јас би го сакал во мојот тим, нема сомнеж“, вели Куман.
Koeman would love Mbappe at Barcelona ? pic.twitter.com/Qjr563m8wT
— Goal (@goal) August 29, 2021