Куп трофејот во трајна сопственост на Работнички

Куп трофејот во трајна сопственост на Работнички

пред 3 години

Трофејот од Купот во трајна сопственост на Работнички

Тодор Гечевски, спортскиот директор на КФСМ, на денешната прес-конференција со која се најави одржувањето на завршниот турнир на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“, го предаде трофејот во трајна сопственост на последниот освојувач.

Како што повикува традицијата, победникот на Куп-завршницата добива преоден трофеј кој идната година се предава на наредниот победник, во ’замена’ за трофеј во трајна вредност.

Пред две години, Димитар Мираковски како дел од играчкиот кадар на КК Работнички го подигна преодниот трофеј, а на денешната прес-конференција го подигна трофејот во трајна вредност, но како шеф на стручниот штаб на истиот тим.

За Работнички, тоа беше десета Куп-титула.

Извор/kfsm.mk/

Share
Scroll to Top