Лаутаро и Мартинез лути на Мбапе за потценувањето на јужноамериканскиот фудбал

Лаутаро и Мартинез лути на Мбапе за потценувањето на јужноамериканскиот фудбал

пред 2 години

Ѕвездата на Интер, Аргентинецот Лаутаро Мартинез признава дека не бил импресиониран од изјавата на Килијан Мбапе околу споредбата на европскиот и јужноамерикански фудбал.

Пред Светското првенство во Катар во ноември, ѕвездата на ПСЖ изјави дека европските репрезентации имаат значителна предност пред јужноамериканските репрезентации.

„Аргентина нема одиграно мечеви со голем квалитет да стигне до Мундијалот. Во Јужна Америка фудбалот не е толку развиен како во Европа. Затоа на последните Светски првенства победуваат европските репрезентации“, изјави Мбапе.

Лаутаро не се согласува.

„Мнозинството од нашата репрезентација ја сочинуваат фудбалери од Европа и секогаш работиме на највисоко ниво. Задоволни сме од нашата работа. Видов што кажа Мбапе, но треба да сфати дека Аргентина и Бразил имаат големи фудбалери со неверојатен талент. Бразил, исто како нас, има многу фудбалери во Европа, така што коментарот не беше фер“, изјави Лаутаро.

Голманот на Астон вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез се согласува.

„Боливиј во Ла Паз, Еквадор со жештина од степени, Колумбија, каде што едвај се дише… Во Европа играат на совршени терени и немаат поим за Јужна Америка. Кога ние одиме на тренинг со репрезентацијата имаме два дена патување. Кога англиски фудбалер ои со репрезентацијата, тој е таму за половина час. Нека одат во Колумбија и Еквадор да видат колку е лесно“, коментираше Мартинез.

Share
Scroll to Top