ЛА Клиперс паднаа во Бруклин

ЛА Клиперс паднаа во Бруклин

пред 4 години

Бруклин Нетс и Лос Анџелес Клиперс, одиграа натпревар во плеј-оф ритам, кој заврши со триумф на Нетс 124:120. Големата тројка на Нетс, постигна 90 поени, 27 повеќе од ѕвездите на Клиперс, Каваи Ленард и Пол Џорџ.

Кевин Дурент, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден одиграа брилијантно во нападот, постигнаа две третини од поените на Нетс и го однесоа тимот до победата.

Ирвинг постигна 39 поени, Дурент постигна 28, а Харден забележа трипл-дабл од 23 поени, 11 скока и 14 асистенции.

На спротивната страна се истакнаа Ленард со 33 и Џорџ со 26 поени. Овие двајца добија поддршка од францускиот ветеран Николас Батум кој уфрли 21 кош.



Резултати:

Орландо-Торонто 108:123
Индијана-Мемфис 134:116
Вашингтон-Портланд 121:132
Голден стејт-Бостон 107:111
Јута-Детроит 117:105

Share
Scroll to Top