Ла Лига не го одобрила трансферот на Депај

Ла Лига не го одобрила трансферот на Депај

пред 6 години

Мемфис Депај и Барселона имаа договор но трансферот на напаѓачот на Лион го спречиле од шпанската Ла Лига.

Роналд Куман инсистираше на трансферот на играчот кого добро го познава од холандската репрезентација, Барса му ја исполни желбата меѓутоа правилникот на Ла Лига го запре трансферот.

Истиот ќе можеше да биде реализиран доколку Усман Дембеле се согласел да го напушти клубот.

Доколу Барселона потпишеше со Депај ќе го надминеше лимитот за плати кој Ла Лига го договори со клубовите како една од мерките во борбата против финансиската криза што ја предизвика коронавирусот. Поради тоа телото на Ла Лига кое управува со овие случаи не го одобри трансферот.

Share
Scroll to Top