Поранешниот австралиски репрезентативец, Ендру Богут, смета дека Никола Јокиќ треба да биде прогласен за најкорисен играч во НБА лигата. Поранешниот играч на Голден стејт рекол дека зад Јоки се Џоел Ембид, Јанис Адетокумбо и Стеф Кари.
„Јокиќ е број 1. Мислам дека Ембид и Леброн пропуштија премногу натпревари. Би го ставил Ембид на првото место, но тој пропушти премногу натпревари. Пиради тоа Јокиќ е единствениот кандидат“, рекол Богут.
Австралиецот објаснил и што би се случило доколку Леброн има статистика каква што има Јокиќ.
„Јокиќ нема пропуштено натпревар. Водечки е според рејтингот на ефикасност. Има луда статистика, лудот што шутира со 56 отсто успешност, 40 отсто има за три поени. Да има Леброн ваква статистика ќе го прогласеа за претседател на САД“.
Богут открил зошто Јокиќ не е фаворит за МВП наградата.
„Тој е странец, Денвер е мал пазар во НБА лигата и не е секси за гледање. Но, доколку сум јас просечен навивач, би сакал да го гледам Јокиќ. Изгледа како момче со кого можете да одите на пиво, за разлика од него Јанис и Ембид се како ѕверови, но тиа ја немаат вештината на Јокиќ“, заклучил Богут.