ЛЕ: Храбриот Динамо примора продолженија против Тотенхем, Арсенал „преживеа“

ЛЕ: Храбриот Динамо примора продолженија против Тотенхем, Арсенал „преживеа“

пред 4 години

Динамо Загреб и Тотенхем ќе играат продолженија за да го дознаат патникот во четврт-финалето на Лига Европа, откако Мислав Оршиќ постигна два гола и „модрите“ ја елиминираа предноста од 2:0 на тимот на Жозе Мурињо од првиот меч.

Нивните градски ривали, Арсенал, исто така загубија, дома од Олимпијакос од 0:1, но имаа предност од 3:1 од првиот меч за пласман меѓу осумте најдобри, каде што се и шпанска Гранада и Рома.

На „Максимир“ во Загреб, се очекуваше Тотенхем да има лесна задача по предноста од 2:0, но „модрите“ на Аријан Адеми и Стефан Ристовски покажаа дека не се тим за шега и покрај тоа што оваа недела останаа без тренерот Зоран Мамиќ, кој беше осуден на затворска казна. „Џокерот“ на преодниот тренер Дамир Крзнар беше 28-годишниот Мислав Оршиќ, кој прво во 62. минута постигна прекрасен гол за 1:0, за во 83. минута најдобро да се снајде во шестнаесетникот за 2:0.

Арсенал, пак, успеа дома да загуби од Олимпијакос со 0:1, но имаше предност од 3:1 од првиот меч за пласман понатаму. Јусеф Ел Араби го донесе грчкиот клуб во водство во 51. минута, но за елиминирање на предноста им беа потребни уште два гола. Молде пак, со 2:1 успеа да ја совлада Гранада, но и тие имаа предност од 0:2 од првиот меч, додека Рома вторпат го совлада Шахтјор, овојпат на гости за сигурен пласман.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Арсенал – Олимпијакос 0:1, прв меч 3:1, вкупно 3:2

Динамо Загреб- Тотенхем 2:0, прв меч 2:0, вкупно 2:2, се играат продолженија

Молде – Гранада 2:1, прв меч 0:2, вкупно 2:3

Шахтјор Доњецк – Рома 1:2, прв меч  0:3, вкупно 1:5

Милан – Манчестер јунајтед 21.00 ч., прв меч 1:1

Ренџерс – Славија Прага 21.00 ч., прв меч 1:1

Вилјареал – Динамо Киев 21.00 ч., прв меч 2:0

Јанг Бојс – Ајакс 21.00 ч., прв меч 0:3

Share
Scroll to Top