Ливерпул го растури Кристал Палас

Ливерпул го растури Кристал Палас

пред 3 години

Фудбалерите на Ливерпул го декласираа Кристал Палас, во првиот меч од 13.рунда во Премиер лигата. Во Лондон, четата на Јирген Клоп, славеше над Палас со 7:0.

Ливерпул патото до победата си го трасираше во раната фаза на натпреварот, во третата минута Гуаита беше совладан од Минамино.

Откако играчите на Кристал Палас не реалзиираа три добри шанси за гол, започна нивниот потоп.

Мрежата на Гуаита ја тресеа Мане во 35., Фирмино во 44., Хендерсон во 52, Фирмино 68. и Салах во 81. и 84.минута.

Салах мечот го започна од клупата за резерви, на теренот влезе во 57.минута. Дуелот со Кристал Палас е петти во низа на кој постигнува најмалку еден гол. Египќанецот сега е најдобра стрелец во Англија со 13 гола.

Share
Scroll to Top