Суарез: Кога ти оди сè влегува во голот

Суарез: Кога ти оди сè влегува во голот

пред 3 години

Луис Суарез, вчера против Кадиз, уште еднаш ја покажа класата. Иако има 34 години, напаѓачот кој бепе буквално избркан од Барселона, на „јорганџиите“, со два гола им ја донесе победата во Кадиз (4:2).

Атлетико, со натпревар помалку од конкурентите се лидер во Ла Лига. Во однос на Барселона и Реал, екипата на Диего Симеоне има предност од десет бода.

Големи заслуги за добрите резултати на Атлетико има првиот стрелец во шампионатот, Луис Суарез. Уругваецот досега одиграл 16 натпрвар во ла лига, постигнал 14 голови.

Против Кадзи, постигна брилијантен гол од слободен удар, а потоа погоди и од пенал.

„Кога оди, тогаш сè влегува. Напаѓач кога е во форма треба да ја искористи секоја шанса и да ужива во моментот во кој се наоѓа. Додека бев во Барселона, за слободните удари беше задолжен Меси. Меѓутоа во минатото сум давал вакви голови за Ливерпул и за Уругвај. Ова го вежбам секој ден“, рекол Суарез.

Атлетико имаат серија од осум победи во Ла Лига, последниот и засега единствениот пораз во сезоната го доживеале на 12.декември од Реал. Наредниот викенд, лидерот ќе ја пречека Селта.

Share
Scroll to Top