Ливерпул купија 16-годишен талент од Дерби каунти

Ливерпул купија 16-годишен талент од Дерби каунти

пред 4 години

Ливерпул го комплетираа трансферот на 16-годишниот фудбалер од средниот ред на Дерби каунти, Каиде Гордон, потврдија од англискиот второлигаш, каде што менаџер е Вејн Руни, легендарниот фудбалер на вечните ривали на Ливерпул, Манчестер јунајтед и Евертон.

Младинскиот англиски репрезентативец дебитираше во првиот тим на Дерби во декември, со што стана четвртиот најмлад фудбалер во историјата на клубот, и се смета за еден од најталентираните млади англиски фудбалери. Тој е во тимот на Дерби од својата шеста година и помина деценија со Дерби каунти.

„Каиде е фантастичен играч. Го внесов во првиот тим бидејќи ги имаше потребните квалитети, но му понудивме договор кој не го прифати.Тешко е да се одбие понуда од голем клуб, а Ливерпул се свесни за неговиот талент“, изјави Руни.

Share
Scroll to Top