Лидс им ги „замрси“ сметките на Ливерпул за ЛШ (од каде што може да бидат исфрлени)

Лидс им ги „замрси“ сметките на Ливерпул за ЛШ (од каде што може да бидат исфрлени)

пред 3 години

Ливерпул не успеа да изддржи за четврта последователна победа во Премиер лигата, која ќе го искачеше на на четвртото место, кое води во Лигата на шампиони, каде што е можно воошто да не им биде дозволено учество по пристапувањето кон Суперлигата, откако Лидс постигна гол во 87. минута за 1:1 реми на „Еланд роуд“.

Садио Мане го постигна својот прв гол од февруари во 31. минута, со кој Ливерпул водеа до самиот финиш на мечот, кога во 87. минута, Диего Љоренте израмни на 1:1. Мечот беше во сенка на „бомбата“ со соопштението за формирањето на Суперлигата. Јирген Клоп пред мечот мораше да ги правда своите фудбалери и да повтори дека е против оваа идеја, додека фудбалерите на Лидс пред мечот носеа маички на кои пишуваше „Заслужете ја“ со лого на Лигата на шампионите, а навивачите на Ливерпул потврдија дека ќе ги отстранат банерите од стадионот во знак на револт.

Со овој резултат, Ливерпул остануваат шести со 53 поени, поен зад Челси на петтото место и два поени зад Вест хем на четвртата позиција, додека Лесте се трети со 56. Сепак, Лестер и Челси имаат одиграно по 31 меч (им остануваат уште осум), додека Ливерпул и Вест хем имаат 32 одиграни меча (со уште седум до крајот на сезоната).

Share
Scroll to Top