Стрелецот на два гола за Италија, во победата над Швајцарија од 3:0, Мануел Локатели, го повторни потегот на Кристијано Роналдо. На прес конференцијата по натпреварот, тој ги тргна шишињата на спонзорот „Кока-кола“.
„Нагрдата за играч на натпреварот го делам со целиот тим. Тоа е нивна заслуга. Најмлад сум меѓу нив, одлично ме прифатија. Прекрасно е чувството што сум дел од овој тим“, рекол 23-годишниот играч на Сасуоло.
За Локатели, во летниот преоден рок постои интерес кај неколку врвни клубови, меѓутоа медиумите тврдат дека тој ќе се пресели во Јувентус. Сасуоло за него бараат 40 милиони евра.
Локатели, за Италија дебитираше пред девет месеци, головите против Швајцарија се прв за него во националниот тим.
Инаку, покрај Локатели и Роналдо, и Пол Погба го тргна спонзорот од масата во прес салата. Погба, по победата над Германија, од верски причини, не сакаше пред него да стои шише „Хајнекен“.