Лучиќ: Горан Иванишевиќ ми го спаси животот, како во филмовите со Џејмс Бонд

Лучиќ: Горан Иванишевиќ ми го спаси животот, како во филмовите со Џејмс Бонд

пред 3 години

Хрватската тенисерка Мирјана Лучиќ-Барони, повеќе пати зборувала за својот тежок животен пат, но сега откри дека нејзиниот живот бил спасен од хрватскиот тениски великан, а сега тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ.

Се работи за инцидентот на Вимблдон во 1998 година, кога Лучиќ трпела семејно насилство од страна на својот татко, и таа призна дека тој се заканувал дека ќе ја убие нејзината мајка. Тогаш на сцена стапил Иванишевиќ, кој ја сокрил во Лондон тенисерката и нејзината мајка.

По ова, Лучиќ и нејзината мајка се вратиле во Загреб, каде што 18 дена чекале виза, пред да заминат во Њујорк заедно со шест бодигарди.

„Горан ми го спаси животот. Тоа наликуваше на филмовите за Џејмс Бонд, само што се работеше за реалност и за нашите животи. Мојот татко почна да ме тепа од мојата петта година, кога загубив од постара тенисерка. Потоа беше пекол“, открива Лучиќ-Барони.

На Мирјана најмногу и помогнал нејзиниот сопруг, Американецот Даниеле Барони, со кого е заедно од 2007 година, кога стави крај на најтешкиот период во животот. Од 2003 до 2007 година, Лучиќ ретко играла тенис, работејќи на благајна на еден тениски клуб на Флорида, бидејќи немаше пари за тренер

38-годишната Лучиќ-Барони, сега го доби своето прво дете и вели дека планира да се врати на тенисот и покрај нејзините години. Во својата кариера таа освои три ВТА титули, а највисоко беше на 20. место на ВТА-листата во 2017 година.

Share
Scroll to Top