Магнусен ги вози последните трки за Хас

Магнусен ги вози последните трки за Хас

пред 4 години

Екипата на Хас, наредната сезона, ќе има нова постава на возачи. По Роман Грожан и Кевин Магнусен објави дека нема да вози за овој тим во 2021 година.

Кевин Магнусен му се приклучи на американскиот тим на почетокот на 2017 година. Најдобрите резултати ги забележа во 2018 година, кога беше петти на трките во Бахреин и Австрија.

Хас засега не соопштува кој ќе вози за нив во 2021 година. Медиумите шпекулираат дека тоа ќе бидат рускиот возач Никита Мазепин, кој наводно потпишал договор на две години и синот на легендата Михаел Шумахер, Мик.

Share
Scroll to Top