Македонија претквалификациите за СП ќе ги игра во Скопје

Македонија претквалификациите за СП ќе ги игра во Скопје

пред 3 години

Кошаркарската репрезентација на Македонија, на домашен терен, ќе ги игра претквалификациските натпревари, за пласман во квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

ФИБА, објави дека натпреварите во Ф-групата, ќе се играат во „балонот“ во Скопје.

Противници на Македонија, на чија клупа како селектор ќе дебитира Драган Бајиќ, ќе бидат Словачка и Швајцарија.

Според распоредот, Македонија на 12. август ќе игра против селекцијата на Швајцарија, а два дена подоцна, на 14. август, против Словачка. На 16.август следува средбата со Швајцарија, додека турнирот во Скопје, Македонија ќе го затвори со натпреварот против Словачка на 18.август.

Согласно со пропозициите на ФИБА, првопласираните две репрезентации од овој турнир ќе бидат дел од главните квалификации за пласман на Мундобаскетот во 2023 година.

Фото/kfsm.mk

Share
Scroll to Top