Макели им се извинил на Португалците

Макели им се извинил на Португалците

пред 4 години

Дани Макели, судијата на натпреварот Србија-Португалија (2:2), признал дека им се извинил на Португалците што не го признал голот на Кристијано Роналдо, постигнат во 92.минута.

„А Бола“, пишува дека Макели, на селекторот Фернандо Сантош, му се извинил веднаш по завршувањето на натпреварот во Белград.

„Можам само да кажам дека следејќи ја политиката на ФИФА, му се извинив на селекторот, господинот Фернандо Сантош и на целиот португалски тим за она што се случи. Ние како судиски тим, секогаш правиме напори да носиме правилни одлуки. Не сме среќни кога сме ние главна тема во вестите“, рекол Макели.

Дани Макели е еден од најискусните холандски судии кој високо котира на листите на ФИФА и УЕФА.

Share
Scroll to Top