Малдини: Милан може да се засили во јануари

Малдини: Милан може да се засили во јануари

пред 3 години

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини вели дека „росонерите“ ќе направат напор да го продолжат договорот на голманот Џиџио Донарума, но додаде дека во клубот имаат буџет за засилувања во јануари и покрај пандемијата на корона вирусот.

„Потребен ни е баланс, не очекуваат тешки натпревари, и медиумите и фановите нема да ни простат, туку мораме сами да се погрижиме. Имаме амбициозен и млад тим, што значи нестабилност. Подготвени сме да растеме, а потребна е и стабилност, затоа на Џиџио Донарума ќе му дадеме нов договор, бидејќи има 21 година а веќе е лидер на тимот“, вели Малдини.

Во ветувачка најава за фановите, тој признава дека во следните месеци ќе се размислува и за нови играчи.

„Ако има добра шанса да се засили тимот, веќе во јануари ќе го направиме тоа. Ако постои фудбалер кој може да го крене нашето ниво ќе го донесеме, посебно бидејќи не трошевме многу последните два преодни рока“, објаснува Малдини.

Share
Scroll to Top