Малер за Халанд – има скинат бутен мускул!

пред 4 години

Првата ѕвезда на Борусија Дортмунд, норвешката гол-машина, Ерлинг Халанд има скинат бутен мускул и ќе паузира најмалку до јануари, потврди бундеслигашот пред мечот од ЛШ против Лацио. Зборувајќи за „Скај Германија“ пред мечот, тренерот Лусиен Фавр призна дека можеби згрешил што не го одморил младиот Норвежанец, кој се повреди на тренинг. Ова е голем удар за „милионерите“, бидејќи 20-годишниот Халанд постигна 17 гола во 14 меча оваа сезона откако лани во половина сезона имаше 15 гола во 18 настапи за Дортмунд. Борусија ги чекаат дури седум меча до крајот на декември, во Бундеслигата, Лигата на шампионите и ДФБ купот. Ова пак, може да значи шанса за 16-годишната сензација Јусуфа Мукоко, кој неодамна стана најмладиот фудбалер во историјата на Бундеслигата.

Share
Scroll to Top