Матијашевиќ повеќе не е селектор на одбојкарската репрезентација

Матијашевиќ повеќе не е селектор на одбојкарската репрезентација

пред 3 години

Одбојкарската федерација на Македонија го разреши од функцијата селекторот Никола Матијашевиќ и на неговото место го постави неговиот асистент Душко Николиќ. Матијашевиќ доби отказ откако не успеа да го освои златниот медал во Европската сребрена лига. Овие натпревари Македонија ги играше на домашан терен.

„По анализата на настапите и на резултатите во Европската сребрена лига 2021, во којашто македонскиот национален тим не успеа да го освои златниот медал иако финалето го играше на домашен терен, челниците на ОФМ ја прекинаа соработката со Никола Матијашевиќ и решија да му го доверат кормилото на репрезентацијата на неговиот досегашен асистент Душко Николиќ.

Извршниот одбор на ОФМ го констатираше придонесот на Матијашевиќ во остварувањето на досегашните цели, но исто така ја истакна потребата од промена пред учеството на Европското првенство во септември во Тампере. Назначувањето на Николиќ ќе значи постојаност во работата на репрезентацијата, но од друга страна ќе овозможи и нов пристап во подготовките за нашето второ учество на континенталните самити“, објави Одбојкарската федерација на Македонија на својата страница на Фејсбук.

Фото/facebook.com/volleyballmkd

Share
Scroll to Top