Мајкл Ерик се договорил со ЦСКА

Мајкл Ерик се договорил со ЦСКА

пред 3 години

Нигерискиот центар Мајкл Ерик се договорил со ЦСКА Москва. Ерик, во Москва, доаѓа како замена за Никола Милутинов, кој поради повреда ја заврши сезоната.

Ерик има 30 години, од 2020 година играше во Турк Телеком. Има настапувано во Евролигата со Дарушафака и Басконија. Со турскиот тим во сезоната 2017/2018 го освои Еврокупот.

Ерик, во кариерата, играл и за Панелефсиниакос, Бриндзи, АЕК и Билбао.

ЦСКА Москва, по одиграно 24 натпревари, со 16 победи и осум порази, се наоѓаат на втората позција во Евролигата.

Share
Scroll to Top