Мајк Тајсон: Халуциногените печурки ми го спасија животот

Мајк Тајсон: Халуциногените печурки ми го спасија животот

пред 3 години

Мајк Тајсон никогаш не криел дека е љубител на дрогите, од кокаинот кој го користеше рано во својата кариера, до марихуаната, без која денеска не може и е сопственик на огромна плантажа, но сега „Челичниот“ открива дека халуциногените печурки му го спасиле животот така што ја откриле неговата „помека“ страна на личноста.

54-годишниот њујорчанец, кој беше апсолутен шампион во тешка категорија и според многумина најдобриот боксер ако не во историјата, тогаш во својата генерација, вели дека таканаречените „магични печурки“ му помогнале.

„Сите велеа дека сум луд, откако му го одгризав увото на Ивандер Холифилд во 1997 година. Да, ги правев тие работи, а тогаш ме запознаа со печурките… Целиот живот ми се смени“, открива Тајсон.

Таканаречените „магични печурки“, односно псилоцибинот, според дел од корисниците ја намалуваат анксиозноста и депресијата, иако можат да предизвикаат и вознемирувачки халуцинации и чувство на паника. Иако лекарите препорачуваат стриктно контролирање на употребата, Тајсон вели дека самиот се „дозирал“.

„Страшно е да се каже, но мислам дека бев дури и наклонет кон самоубиство, а стигнав дотука. Животот е вистински трип, човеку. Тоа е страшен лек, иако луѓето не го сфаќаат тоа“, додава Тајсон.

Share
Scroll to Top