Мбапе може да го извиси Реал

Мбапе може да го извиси Реал

пред 3 години

Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ во летниот преоден рок. Медиумите го поврзуваат со Реал Мадрид, но постои можност младиот напаѓач да одбере друга дестинација.

Шпанските медиуми пишуваат дека на Мбапе не му се допаѓал фудбалот, што го игра Реал под Карло Анчелоти. Претходно го избрал Реал, поради Зинедин Зидан и неговата тренерска филозофија.

Наводно, бил воодушевен од она што го игра Ливерпул под Јирген Клоп. Сметал дека многу лесно би се вклопил.

Не е тајна дека во минатото Ливерпул покажуваа интерес за Мбапе.

Share
Scroll to Top