Мбапе со „петлите“ има подобар ефект од Меси и Роналдо

Мбапе со „петлите“ има подобар ефект од Меси и Роналдо

пред 4 години

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе веќе не е дете. Тој е еден од најдобрите и најскапите светски фудбалери во моментов.

Синоќа против Хрватска го постигна својот 16-ти гол за „петлите“, а се уште нема полни 22 години.

Најблиску до тоа остварување кај „триколорите“ беше Карим Бензема кој до 22 години прецизно стрелаше седумпати.

За ефектот на Мбапе да е поимпресивен се прави споредба со Меси и Роналдо, во дресот на Аргентина односно Португали на истата возраст.

Меси до 22 години имаше 12 гола за „гаучосите“, додека CR7 имаше подобар ефект – 14.

Не се знае како повредите ќе влијаат на кариерата на младиот Французин, но јасно е дека ваков талент не е забележан уште од времето на Пеле.

Share
Scroll to Top