Медведев го збриша Циципас – Ќе игра против Ѓоковиќ за титулата во Мелбурн

Медведев го збриша Циципас – Ќе игра против Ѓоковиќ за титулата во Мелбурн

пред 3 години

Данил Медведев со импресивна игра против Стефанос Циципас избори пласман во финалето на Австралија опен. Рускиот тенисер за два часа и 12 минути игра, победи со 6/4, 6/2, 7/5. Медеведев, во недела, во финалето ќе игра против бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ. За Медведев ова ќе биде второто Гренд слем финале, првото го играше во 2019 година против Рафа Надал на Ју-ес опен.

Статистиката најдобро ја покажува доминацијата на Медведев, ас сервиси 17/3, директни поени 46/19, неизнудени грешки 21/30. Искористеноста на првиот сервис на Медведев без неверојатни 88 отсто.

Медведев, го надигра Циципас, два и пол сета Гркот немаше никакви шанси, против противникот кој погодуваше буквално се.

Во првите два сета, Медведев направи три брејка и дојде до предност од 2:0.

Третиот сет го започна со брејк, меѓутоа Циципас успеа да се врати. Носен од публиката, Гркот го врати брејкот, дури и стигна до предност од 4:3, а потоа не искористи нови две топки за брејк.

Медведев, по мечот, призна, дека во тие моменти бил под голем притисок и успеал да се спаси со добрите сервиси. До крајот Медведев уште еднаш му го одзеде сервисот на својот противник и се избори за своето второ Гренд слем финале.

Финалето во Мелбурн, во недела ќе започне во 9.30 часот.

Share
Scroll to Top