Мекгрегор ја враќа Шкотска во игра, 1:1 е на полувреме

Мекгрегор ја враќа Шкотска во игра, 1:1 е на полувреме

пред 3 години

Со првиот гол на Калум Мекгрегор во 34-от настап за Шкотска и тоа во 42 минута носи 1-1 на полувреме во мечот од третото коло против Хрватска.

Одбраната на „коцкастите“ беше неодлучна, па Мекгрегор од 20-тина метри биеше силно покрај 4 дефанзивци во противничката селекција и го постигна првиот гол за својата селекција на овој шампионат. Иако претходно голманот Ливаковиќ со неколку интервенции носеше сигурност на колегите, сега беше немоќен.

Играчот на Селтик носи израмнување кое ќе донесе неизвесни втори 45 минути на „Хемпден парк“.

На останатиот меч од оваа група, со голот на Стерлинг Англија има водство од 1-0 против Чешка.

Share
Scroll to Top