Мемфис Депај претставен во Барселона: Сонував да бидам овде!

Мемфис Депај претставен во Барселона: Сонував да бидам овде!

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Барселона официјално го претстави новото засилување холандскиот напаѓач Мемфис Депај.

„Чест ми е. Уште како мал сонував да бидам овде. Сакам да се заблагодарам на претседателот, на членовите на одборот, на мојот тим што ми овозможија да сум овде. Кога бев мал дедо ми ми подари дрес на барселона, затоа што веруваше дека еден ден ќе играм за нив. Сега тој сон се оствари“ рече Депај на промоцијата.

Холандскиот ас наведе дека неговата надеж е дека ќе освојува трофеи со Барса и дека тимот е подготвен за успеси.

Share
Scroll to Top