Мерцедес го „врати ударот“ на вториот тренинг на Хунгароринг

Мерцедес го „врати ударот“ на вториот тренинг на Хунгароринг

пред 3 години

Валтери Ботас во Мерцедес го имаше најдоброто време на вториот тренинг пред Унгарското ГП, совладувајќи го својот колега Луис Хамилтон за минијатурни 0.027 секунди.

Нивниот ривал од Ред бул, Макс Ферстапен, не успеа да го повтори првото место од првата сесија со трето место, додека неговиот колега, Серхио Перез беше далеку на петтото место. Изненадување направија двата возачи на Алпине – Фернандо Алонсо, кој вчера наполни 40 години беше седми, додека Естебан Окон беше петти.

Двата болиди на Ферари не успеаја да влезат во топ 10, додека малку разочарувачка беше формата и на Мекларен – Лендо Норис беше 9., а Даниел Рикардо само на 13. место.

Температурите во Унгарија беа високи, а на температурата на патеката беше околу 60 степени, иако интересно, за неделната трка има прогнози за можен дожд.

Share
Scroll to Top