Мерцедес се откажа од тужбата

Мерцедес се откажа од тужбата

пред 3 години

Мерцедес официјално ја повлече жалбата, која ја вложи по победата на Макс Ферстапен, на тргата за Големата награда на Абу Даби.

Ферстапен, во скандалозниот последен круг, успеа да го престигне Луис Хамилтон. Холанѓанеџот ја освои својата прва титула во кариерата.

Мерцедес вложи жалба по завршувањето на трката која беше одбиена.

„Заедно со Луис внимателно ги разгледувавме сите опции, како е најдобро да одговориме на она штo се случуваше во последниот круг. Вeруваме дека секој натпревар во овој спорт треба да заврши со тркање. Во неделата, многумина, вклучувајќи го и Мерцедес сметаат дека работите не се одвиваа според правилата“, стои во соопштението од Мерцедес.

Ферстапен вечерва, во Париз, на свечена церемонија, ќе ја добие титулата.

Share
Scroll to Top