Фудбалерите на Барселона не дозволија изненадување против Осасуна. Во 26.коло, Барселона победи во Памплона со 2:0.
Барселона одигра онолку колку што требаше за да ги освои бодовите. Осасуна, во најголем дел од натпреварот беа конкурентни, но не успеаја да ги реализираат своите шанси.
При резултат 0:0, Тер Штеген имаше две брилијантни интервенции со кои спречи водство на Осасуна.
Барса постигна гол од единствената вистинска кација во првиот дел. Меси испрати дијагонала кон Алба, топката леташе 30 метри, левиот бек имаше совршен прием, а потоа ја „скона“ мрежата на Херера.
Точка на победата на Барселона стави 18-годишниот Мориба во 83.минута. Тинејџерот постигна прекрасен гол, кој е прв за него во неговата сениорска кариера.