Меси и ПСЖ рутински ги „решија“ Клермон

Меси и ПСЖ рутински ги „решија“ Клермон

пред 2 години

Пари Сен-Жермен ја почна одбраната на француската титула со рутинска 0:5 победа на гостувањето кај Клермон, победа обезбедена уште во првото полувреме.

Нејмар уште во 9. минута го донесе тимот на Кристоф Галтие во водство по ненамерната аситенција на Лео Меси, пред Ашраф Хакими во 13. минута да зголеми на 0:2, а капитенот Маркињос во 38. минута го постигна и третиот гол за фаворитот.

Во второто полувреме на сцена стапи Лео Меси, кој лани беше критикуван за слабата голгетерска форма во францускиот шампионат, постигнувајќи два гола за шест минути – во 80. и 86. минута за импресивен старт на сезоната.

Share
Scroll to Top