Меси ќе пропушти два натпревари

Меси ќе пропушти два натпревари

пред 3 години

Лионел Меси ја доби најмалата казна за црвениот картон што го заработи против Атлетик Билабо, во Суперкупот на Шпанија.

Аргентинецот, во неделата, во 120 минута, без топка го удри противничкиот фудбалер Асиер Виљалибре. По прегледувањето на снимката, судијата Хесус Хил Манзано, по го покажа патот кон соблекувалната.

Казната што ја предвидува Ла Лига за ваков прекршок е суспензија од четири до 12 натпревари.

Дури и во Барселона биле изненадени од изречената казна. Медиумите пренесуваат дека во Барселона имале подготвена жалба доколку суспензијата била поголема од три натпревари.

Поради суспензијата, Меси, ќе ги пропушти натпреварите со Елче и Атлетик Билбао во Ла Лига.

 

Share
Scroll to Top