Мејведер се поднови – си купи седум нови бели автомобили

Мејведер се поднови – си купи седум нови бели автомобили

пред 3 години

Боксерската легенда, Флојд Мејведер Јуниор никогаш не се ускратувал од трошењето на своето богатство, откако на колекцијата вредна над 25 милиони долари, додаде нови седум луксузни автомобили.

44-годишниот Американец често на социјалните мрежи ги објавува своите возила, меѓу кои има и четири суперавтомобили, Бугати Вејрон . Сега тој сподели снимки од седумте нови автомобили (сите во бела боја) пред неговиот дом во Мајами.

На паркингот пред неговата куќа можат да се забележат бели автомобили – Ферари, Ламборгини, два Ролс Ројса, Мајбах, Бентли и Ренџ Ровер.

„Седум играчки за сите седум дена од неделата, 8 вооружени бодигарди за 24 часа дневно. Зошто да не?“, вели Мејведер.

Share
Scroll to Top