На пладне е ждрепката за нокаут-фазата во ЛШ

пред 3 години

Осмина-финалните двојки, во Лигата на шампионите, ќе бидат извлечени денес во 12 часот, во седиштето на УЕФА во Нион.

Носители на ждрепката ќе бидат победниците на осумте групи, тие првите мечеви ќе ги играат како гости. Во оваа фаза, не може да се сретант клубови од иста држава и клубови кои беа во иста група.

Носутели на ждрешката ќе бидат: Баерн, Реал, Манчестер сити, Ливерпул, Челси, Борусија Дортмунд, Јувентус, ПСЖ, не носители се: Атлетико, Борусија Менхенгладбах, Порто, Аталната, Севилја, Лацио, Барселона и Лајпциг.

Реал се наоѓа во најповолна полжба, во пресрет на ждрепката. „Кралскиот клуб“ со многу мака ја мина групата, на крајот го освои и првото место, а во осмина-финалето може да игра против Лацио, Лајпциг, Аталанта или Порто.

За разлика од Реал, Барселона, може за противник да добие еден од трите англиски тима, ПСЖ и Дортмунд.

Првите натпревари од осмина-финалето ќе се играат на 16. и 17., односно 23. и 24. февруари на редната година, а реваншите ќе се играат на 9. и 10., односно 16. и 17. март.

Финалето на програмата ќе биде на 29. мај во Истанбул.

Share
Scroll to Top