Мизерија за Јунајтед – Арсенал го освои „Олд Трафорд“ по 14 години!

Мизерија за Јунајтед – Арсенал го освои „Олд Трафорд“ по 14 години!

пред 3 години

Катастрофалната домашна форма на Манчестер јунајтед продолжи, откако во дербито во Премиер лигата загубија со 0:1 од Арсенал, дозволувајќи „топчиите“ да слават на „Олд Трафорд“ по 14 години.

Јунајтед сега дома имаат примено дури 10 гола во четири меча, во споредба со сезоната 2017/18, кога во цела сезона на „Олд Трафорд“ примија само 9 гола. Арсенал, пак, последен пат победи на гости кај „ѓаволите“ во септември 2006 година, исто така со 1:0.

Во разочарувачкото прво полувреме, двата тима повеќе мислеа на одбраната отколку на нападот, иако „топчиите“ беа поопасни, а имаа и една греда. Од друга страна Јунајтед упати само еден удар на противничкиот гол, што беше најслаб учинок во едно полувреме на „Олд Трафорд“ од 2015, кога немаа ниту еден удар против Манчестер сити.

Ваквата игра продолжи и во второто полувреме, пред во 69. минута Пол Погба да има невнимателен старт над Ектор Белјерин, а судијата Мајк Дин исправно покажа на белата точка. Капитенот Пјер-Емерик Обамејанг беше сигурен за водство од 0:1.

Во 75. минута во игра влегоа Единсон Кавани и Дони ван де Бек, а играта на „ѓаволите“ малку се крена, и се тргна во напад, и во 84. минута Арсенал имаше среќа кога обидот на Ван де Бек заврши во главата на Бернд Лено, па во стативата.

Со триумфот, Арсенал се на 8. место на табелата со 12 поени, додека Јунајтед се на 15. место со само 7 освоени победи (иако со меч помалку).

Share
Scroll to Top