Милано ја продолжи победничката низа со драматична тројка

Милано ја продолжи победничката низа со драматична тројка

пред 2 години

Олимпија Милано продолжи со совршениот старт во Евролигата со петта победа во низа, откако Девон Хол постигна поени за драматична 73:72 победа над Асвел. Хол имаше катастрофална вечер, но беше херој на вечерта – тој претходно имаше 0-5 од поле и нула поени, пред на 27 секунди пред крајот да ја запечати победата на италијанскиот клуб.

Асвел доминираше во првото полувреме и на стартот а третата четвртина имаше дури 16 поени разлика, но Милано имаа 19-3 серија за да се вратат во игра.

Шејвон Шилдс имаше 15 поени, Николо Мели додаде 14, а Малколм Дилејни имаше 12 за Милано, додека Ели Окобо беше убедливо најдобриот кошаркар на Асвел со 25 поени.

ЕВРОЛИГА, 5.КОЛО

Анадолу Ефес – Уникс Казан 71:68 (18:22, 14:15, 15:14, 24:17)

Жалгирис – Баерн Минхен 73:75 (24:13, 15:14, 16:25, 18:23)

Макаби Тел Авив – Панатинаикос 77:73 (19:13, 14:10, 22:17, 22:33)

Олимпија Милано – Асвел Лион 73:72 (14:17, 12:23, 25:11, 22:21)

Реал Мадрид – Фенербахче 70:69 (10:15, 25:26, 15:11, 20:17)

Share
Scroll to Top