Милан има загуба од 195 милиони евра!

Милан има загуба од 195 милиони евра!

пред 4 години

Милан потврдија дека имаат загуба од астрономски 195 милиони евра, но инсистираат дека резултатите се во рамките на очекувањата на клубот поради влијанието на корона вирусот на големите фудбалски клубови.

„Нашиот клуб не беше имун на сезона која беше под влијание на глобалната пандемија. Негативните финансиски перформанси веќе беа тука поради претходниот менаџмент и конечниот резултат е загуба од околу 195 милиони евра. Ако се исклучи негативното влијание на ситуација која не можевме да ја контролираме, ова е во границите на очекувањата“, се вели во соопштението на клубот.

Во соопштението, Милан посочи на претходниот газда, Кинезот Ји Јонгхои како главен причинител за оваа загуба, но инсистираат дека се посветени на исполнувањето на финансискиот ферплеј (ФФП) на УЕФА.

„На клуб како Милан му е потребно време за трансформација, но сите се посветени и обединети во новата насока во која одиме. Постојаната поддршка на ‘Елиот менаџмент’ ја гарантира финансиската стабилност на Милан, и направени се нови инвестиции кои наскоро ќе бидат видливи“, додаваат од Милан.

Share
Scroll to Top