Милер се враќа во германската репрезентација?

Милер се враќа во германската репрезентација?

пред 3 години

Селекторот на Германија, Јоаким Лев, размислувал во националниот тим повторно да го повика напаѓачот на Баерн, Томас Милер. Селекторот, во 2019 година, реши повеќе да не ги повикува во репрезентацијата Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс.

Милер тешко ја прифати одлуката на селекторот, која не најде на одобрување ниту во германската јавност. Лев сега сака да ја исправи грешката, пишува „Билд“, со напомена дека конечната одлука ќе ја донесе во мај.

Ова значи дека Милер нема да биде на списокот за квалификациските натпревари, за пласман на Светското првенство, но дека веројатно ќе се најде на списокот на играчи за Европското првенство.

Томас Милер, за Германија, одиграл 100 натпревар, на кои постигнал 38 голови. Играше во Бразил во 2014 година, кога Германија ја освои титулата.

Share
Scroll to Top