Милер се шегува со Левандовски: Не знам што му беше, одеднаш не беше себичен!

Милер се шегува со Левандовски: Не знам што му беше, одеднаш не беше себичен!

пред 3 години

Капитенот на Баерн Минхен, Томас Милер вели дека бил изненаден што неговиот соиграч Роберт Левандовски му подал топка при 5:0 победата над Херта Берлин.

Неверојатниот полјак постигна хет-трик против Херта, а Милер и Џамал Мусијала додадо по еден гол за убедлива победа за враќање на самодовербата. Милер го отвори резултатот по само шест минути игра по одлично додавање на Алфонсо Дејвис, кое невообичаено Левандовски го пропушти до капитенот.

„Веднаш го прашав дали е физички подготвен, бидејќи одеднаш пропушта топка за некој друг во шестнаесетникот кој е во подобра позиција. Мислам дека забележува дека кога игра несебично, сите му служиме и му даваме голови. Тоа е лудо, има хет-трик, а пропушта топки. Неверојатно“, вели Милер.

Шампионот пресилен за тимот од Берлин – Левандовски незапирлив

Share
Scroll to Top